Одржување ниска и стабилна инфлација преку стратегијата на одржување стабилен курс на денарот во однос на еврото, како и обезбедување финансиска стабилност како составен елемент на макроекономската стабилност и предуслов за остварување економски раст и просперитет. Ова се основните стратегински во Стратегискиот план на Народната банка на Република Македонија за периодот 2015-2017 година, кои се усвоени во средата во Скопје. Стратегискиот план за наредните три години претставува продолжение на претходно утврдените стратегиски цели во областа на утврдувањето и спроведувањето на монетарната политика и поддршката на финансиските пазари, управувањето со девизните резерви, одржувањето на финансиската стабилност, издавањето и управувањето со книжните и кованите пари, платните системи, статистиката, истражувањата и внатрешната ревизија, стои во соопштението.
Одржување ниска и стабилна инфлација преку стратегијата на одржување стабилен курс на денарот во однос на еврото, како и обезбедување финансиска стабилност како составен елемент на макроекономската стабилност и предуслов за остварување економски раст и просперитет.
Ова се основните стратегински во Стратегискиот план на Народната банка на Република Македонија за периодот 2015-2017 година, кои се усвоени во средата во Скопје.
Стратегискиот план за наредните три години претставува продолжение на претходно утврдените стратегиски цели во областа на утврдувањето и спроведувањето на монетарната политика и поддршката на финансиските пазари, управувањето со девизните резерви, одржувањето на финансиската стабилност, издавањето и управувањето со книжните и кованите пари, платните системи, статистиката, истражувањата и внатрешната ревизија, стои во соопштението.
Воедно, Народната банка и натаму ќе го развива корпоративното управување и ќе го продлабочува системот на вредности. Во таа смисла, ќе продолжи процесот на создавање современ и компетентен човечки капитал, воспоставување на најновите технолошки иновации во деловните процеси и на развивање на соработката со домашните и странските институции.
Советот, на денешната седница, ја донесе и Програмата за истражувачката активност во периодот 2015-2017 година. Истражувањата предвидени за тригодишниот период треба да му дадат поддршка на процесот на одлучување, да придонесат за поуспешно функционирање на Народната банка и за соочување со идните предизвици.
Предвидените истражувања и анализи треба да придонесат кон натамошно осовременување на работењето на Народната банка и подготовка за идното учество во Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ).